Едните лажет, другите мамет, заедно крадет и се амнистирет, им порача денеска кандидатот за градоначалник на Охрид од Граѓанско-демократската унија (ГДУ), Михаил Трендафилов Нанче на охриѓани.
Тој ја поздрави намерата на Владата да помогне во намалување на долгот на Општина Охрид, но праша:
– Од каде, чии средства Владата дава? Каква порака испраќа? За да го дополни буџетот очекувајте да си издвоите средства за казни од УЈП, полиција и од кого? Од вас. Дали истава постапка може да се повтори и на ниво на цела Општина со отпишување на долгови на фирми и приватни лица? После сѐ, не научивме кој, зошто, како го направил тој долг, дали има криминал? Сево ова мора да има завршница! Јас ќе бидам ваш градоначалник, а не партиско-мафијашки.
Општина Охрид ќе го намали вкупниот долг за 948 милиони денари од кои 495 милиони се средства обезбедени од Владата, 260 милиони по основ на камати и 192 милиони од основниот буџет.
Со оваа одлука долгот на Општина Охрид ќе се сведе на ниво од 530 милиони и ќе се овозможи полесен пристап до европските фондови.