Нанче вети дека ќе го зголеми бројот на туристи во Охрид

52

Со почетокот на предизборната кампања во Охрид од страна на кандидатот за градоначалник Михаил Трендафилов – Нанче, веднаш почнаа и активностите на терен.

После свеченото означување на почетокот на кампањата во градскиот парк пред спомениците на охридските великани Христо Узунов и Методија Патчев, кандидатот за градоначалник Михаил Трендафилов – Нанче со претставници на својот изборен штаб изврши посета на градската чаршија и градското пазариште и оствари средби со бројни охриѓани. Имено, беа поставувани голем број на прашања до кандидатот особено поврзани со се поголемите економски проблеми на чаршискиот еснаф, слабиот промет во чаршијата и пазариштето, се поголемите економски потешкотии на охридскиот еснаф.

Одговарајќи на голем број на прашања од охриѓани, евидентен беше огромниот интерес кој охриѓани го имаат во однос на кандидатурата на својот сограѓанин Михаил Трендафилов – Нанче, притоа изразувајќи голема поддршка и интерес за неговата кандидатура.

Нанче одговараше на сите прашања во врска со проблемите на охридските трговци и пазарџии. Притоа истакна дека, доколку охриѓани ја дадат довербата на Нанче, тој одговорно и посветено ќе ги решава систематски. Во делот на слабиот промет во чаршијата и пазариштето во Охрид, конкретно, Нанче истакна дека примарно е враќањето на редот и поредокот во Охрид, строга контрола на правилата на игра во однос на конкуренцијата, сузбивање на нелојалната конкуренција, враќање на вербата на граѓаните во локалните власти и ставање посебен акцент на привлекувањето на повеќе туристи во градот. Со зголемен ред и зголемен број на туристи прометите во чаршијата и пазарот ќе растат, а со тоа и стандардот на трговците.

Тука се разбира, што е значајно за туристите е и одржување на највисоко можно ниво на хигиена во центарот на градот. Исто така сигурноста на туристите е многу значајна како и нивните очекувања од автентичноста од изгледот на градот. За овие теми, низ разговорите со охриѓани, кандидатот за градоначалник Михаил Трендафилов – Нанче им вети особено внимание на овие горливи теми.

– Зголемен ред, зголемена хигиена, зголемен број на туристи, поголем промет за охридските трговци – изјави Михаил Трендафилов – Нанче во средбите со охриѓани во чаршијата и пазариштето.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...