Намирници кои може да ги влошат симптомите на болеста, но и да го забават лекувањето

970

Намирниците кои би требало да ги избегнувате кога сте настинати или кога имате грип, заменете ги со некој друг вид храна.

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови содржат хранливи материи како цинк и витамин Е, кои можат да ви помогнат да се справите со инфекцијата. Можеби е добра идеја да не ги јадете во почетните фази на болеста, особено ако стомакот ви е чувствителен и кога имате температура. Бидејќи овие плодови се богати со маснотии, на организмот ќе му треба повеќе енергија за да ги свари, што може да доведе до стомачни проблеми и да ви ја одземе енергијата што ви е потребна за борба против болеста.

Брокула

Иако брокулата е добра намирница која ги зајакнува имунитетот, таа ги содржи витамините А и Ц, но исто така е богата и со растителни влакна кои тешко се варат. За да избегнете иритација на гастроинтестиналниот тракт, јадете храна која има помалку влакна и која е полесна за цревата. Наместо тоа, можете да јадете црвени пиперки кои го содржат соединението кверцетин, што е моќен антиоксидант и е добро во борбата против вирусите и воспаленијата. Освен тоа, црвените пиперки се богати со витамин Ц, антиоксидант за кој се смета дека го скратува времетраењето на симптомите на настинката, и нема толку киселини колку што ги имаат цитрусите. Печурките го зголемуваат нивото на протеинот цитокинин во организмот и можат да помогнат во борбата против инфекциите. Кога кашлате или имате воспалено грло, би требало да ги избегнувате следните намирници.

Цитруси

Консумирањето цитруси за време на настинка може да биде меч со две острила. Од една страна, со нивниот внес ја зголемувате количината на витамин Ц во организмот, како и количината на електролити како што е калиумот. Од друга страна, нивото на киселост во портокалите и грејпфрутот може дополнително да го иритираат грлото. Овие намирници можете да ги замените со јајцата, бидејќи тие се лесни за голтање и содржат витамин Д и цинк, што го зајакнува имунитетот. Освен тоа, протеинот што го содржат јајцата се претвора во аминокиселини, кои влијаат на антителата и други протеини кои дополнително му помагаат на вашиот имунолошки систем.

Благодарение на својата мека текстура, медот може да ги ублажи симптомите на суво и воспалено грло, а медот, освен тоа, и природно ја спречува кашлицата. Најновите истражувања откриле дека медот има антибактериски својства и може да ви помогне да се ослободите од бактериите.

Кога ве боли стомакот или имате гадење, овие намирници е подобро да ги заобиколите.

Млечни производи

Млечните производи содржат лактоза, која желудникот ја обработува благодарение на стомачниот ензим наречен лактаза. Во случај на дијареја, овој ензим може да се потроши заради воспалението, па затоа не е најдобра идеја тогаш да внесувате млечни производи, бидејќи тоа само ќе ги влоши симптомите.

Грашок

Шеќерите што се наоѓаат во грашокот можат да го изиритираат стомакот и да предизвикаат дијареја, гасови и грчеви. Тоа се случува кога организмот не произведува доволно ензими кои ги намалуваат гасовите и помагаат во варењето на овие шеќери. Можете да користите овесна каша како замена. Освен тоа што е блага за стомакот, овесната каша содржи растворливи влакна, кои привлекуваат вода во органите за варење и помагаат во регулирање на столицата. Таа содржи и селен, кој го штити организмот од инфекција, како и цинк, кој му помага на имунолошкиот систем да функционира подобро.

Кога имате дијареја или повраќате, тоа најчесто значи дека нивото на калиум во вашиот организам се намалило. Калиумот е важен минерал кој одржува добра рамнотежа на водата во организмот и придонесува за здравјето на клетките. Калиумот го има во изобилство во бананите кои содржат и скроб, а тој го стимулира развојот на добрите бактерии во желудникот.

Свеж зеленчук

Храната што е тврда или остра потешко се голта и предизвикува посилна иритација. Најдобро би било свежиот зеленчук да го изедете кога грлото ќе ви закрепне.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...