Владата денеска на седница усвои измени и дополнувања на Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кои се намалува старосната граница за пензионирање на рударите. Измените наскоро ќе бидат доставени на гласање во Собранието на Македонија, а ќе почнат да се применуваат од почетокот на идната година.
– Согласно ветеното во програмата за работа, Министерството за труд и социјална политика изготви законско решение со кое рударите ќе можат да остварат право на старосна пензија со навршување на 40 години пензиски стаж за мажи, односно 35 години пензиски стаж за жени. Тоа значи дека ако сега рудар се пензионира со навршени 58 години, со новото решение ќе се пензионира на околу 50 години. Со овие законски измени се излегува во пресерет на долгогодишните барања на рударите и исправаме една голема неправда – изјави министерката Мила Царовска на заедничка прес-конференција во Владата со министерот за економија Крешник Бектеши.