Од граничниот премин „Табановце“, 34-годишен Полјак завршил во полициска станица пред да излезе од Македонија.
Причината е што тој кога синоќа околу 21 часот сакал да излезе од државава, го нарушил јавниот ред и мир на граница, па бил однесен во полициската станица во Куманово за понатамошна постапка.