Наместо гаража – зеленило, бараат граѓаните на јавната презентација ДУП-от за „Даре Џамбаз“

1171

Дислокација на предвидената катна гаража, додавање на ново и задржување на постоечкото зеленило, проблемот со паркинзите, како и помалиот број на идни објекти беа главните забелешки на жителите на денешната презентација на предлог Деталниот урбанистички план Градска четврт И 04 „Даре Џамбаз“, соопшти Општина Центар.

Пред стручните служби од општината, како и пред претставници од топлфикационата мрежа „БЕГ“, ЈП „Водовод и канализација“ и Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, жителите од реонот на ДУП „Даре Џамбаз“ на денешната јавна презентација ги кажуваа своите идеи и забелешки за новиот изглед.
Предлог ДУП-от „Даре Џамбаз“ во изминатите денови, сѐ до петок е изложен на јавен увид во просториите на Урбаната заедница „Роберт Гајдик“, со што граѓаните можеа лично да го видат и своите забелешки да ги достават до општината и во форма на пополнет анкетен лист.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...