Повеќедеценискиот проблем на жителите на улицата Бигла е решен. Нема да се движат по кал и прашина, колите нема да ги уништуваат од ударните дупки и конечно добија осветлена улица.
Општина Цетар целосно ја реконструираше улицата по 50-тина години, поставен е нова водоводна мрежа со нови приклучоци и 800 м2 нов асфалт.
Поставени се нови канделабри со лед диоди.
Граѓаните му раскажаа на градоначалникот Саша Богдановиќ, кој беше да види како се одвиваат работите, дека пред 5 години сами си поставиле канализациска мрежа, но останал тампонот и бетонот од времето на Тито. Нивните родители во минатиот век, во 1979 година, со писмо до Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на општина „Центар“,апелираат и потсетуваат да им се среди улицата, бидејќи недозволиво е да голтаат прашина среде Скопје.
Улицата Бигла се наоѓа спроти Клинички центар.