„Намали трошоци со користење на премиум тарифи”, прва книга на младите иноватори од „Свифт Дата“

Првиот дел на книгата „Намали трошоци со користење на премиум тарифи" ги опфаќа сите сектори на фотоволтаичната индустрија, почнувајќи од тоа како работат панелите па се до инвестиција и станување на повластен производител на електрична енергија преку последниот јавен повик распишан од Владата.

137

„Свифт Дата“, фирмата на младите иноватори кои победија на натпреварот на НАСА во Македонија со изумот „сензор за мерење на сончева енергија“ неодамна ја објави првата своја е-книга со наслов „Намали трошоци со користење на премиум тарифи”.

– Оваа книга е дел од серијалот е-книги кои ќе бидат издадени на темата „Обновливи извори на енергија”, а целта на овие книги е да се поедностават и приближат техничките информации и бенефитите од инвестирање во секторот на обновливи извори на енергија, до сите ентузијасти и идни инвеститори велат од „Свифт Дата“.

Првиот дел на книгата „Намали трошоци со користење на премиум тарифи” ги опфаќа сите сектори на фотоволтаичната индустрија, почнувајќи од тоа како работат панелите па се до инвестиција и станување на повластен производител на електрична енергија преку последниот јавен повик распишан од Владата.

– Во ова издание, за нашите читатели на крајот од книгата има листа на услови и потребни документи кои треба да ги поседуваат за да станат повластен производител на електрична енергија со фотоволтаични панели. Документите кои се потребни се наведени со целосен назив за да се олесни процесот за подготовка на тендерската документација – појаснуваат од „Свифт Дата“.

Бесплатна копија од книгата „Намалете трошоци со користење на премиум тарифи” може да се добие на следниот ЛИНК.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...