Намален бројот на запишани студенти во академската 2017/2018

197

За два процента е намален бројот на запишани студенти во академската 2017/2018 година во споредба со 2016/2017 година.

Податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2017/2018 година се запишале вкупно 56.941 студенти што е намалување во однос на 2016/2017 година.

Поголем е бројот на запишани студентки, односно 55,6 проценти се студентки или 31.669.

Најголем број или 85,7 проценти се запишани на државните високообразовни установи, а 13,9 проценти на приватните факултети.

Во прва година на студии запишани се 15.094 студенти или 26,5 проценти. Тука се опфатени и студентите што по втор, трет и повеќепати запишуваат прва година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...