Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка ја намаи основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, односно од 2,50% на 2,25%. Понудата на благајнички записи за аукцијата којашто ќе се одржи на 13 март e задржана на нивото од 25.000 милиони денари.
Одлуката за намалување на каматната стапка, соопштија од Народната банка, се темели на задржаниот континуитет на поволни движења на девизниот пазар, што упатува на отсуство на притисоци во надворешниот сектор и стабилни согледувања на домашните субјекти. Истовремено, тековните движења покажуваат умерен раст на домашните цени, а со тоа и отсуство на ценовни притисоци.
Дополнителен простор за монетарно олабавување создава и последната најава на ЕЦБ за задржување на каматните стапки на тековното ниво подолго од претходно очекуваното, како и за дополнително олабавување преку други монетарни инструменти.