Наинголан е суспендиран поради неоправдано пропуштен тренинг

122
ФОТО: EPA / Elisabetta Baracchi

Италијанскиот фудбалски прволигаш Интер го казни својот играч Раџа Наинголан поради неоправдано пропуштен тренинг.

Белгискиот фудбалер не дошол на утринскиот тренинг поради успивање.

– Фудбалски клуб Интер објави дека Раџа Наингголан е суспендиран од фудбалска активност заради кршење на дисциплината – соопштил извор близок до клубот.

Така, 30-годишниот играч нема да игра на следниот домашен натпревар со Наполи закажан за в среда на 26 декември.

Наингголан се пресели ова лето во Интер од Рома за 38 милиони евра плус Николо Заниоло во пакет. Оваа сезона, тој одигра 15 натпревари и постигна три гола.

ФОТО: EPA / Elisabetta Baracchi

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...