Топлото време ги прелажа лилјаците, а на една тераса во Загреб пронајдени се 17, јавува РТЛ.
– Тие летаат бидејќи мислат дека е дојдено времето за тоа, но нема доволно време да се развијат инсектите со кои лилјаците се хранат и немаат доволно храна – вели Бета Ингеборг, ветеринарка во загребската Зоо.
– Кога нагло се стопли, лилјаците излегле од дупките во кои живееле и паднале на терасите. Лилјаците не се опасни за луѓето, но ако ги видите дома или на тераса не ги фаќајте без ракавици – додава таа.