Во Јапонија првпат откако се води статистика бројот на луѓе постари од 100 години надмина 70.000, се наведува во извештајот на Владата објавен денеска, додавајќи дека бројот на стогодишници се зголемува 49-та година по ред.
– Вкупно 71.238 стогодишници живеат во Јапонија, што претставува зголемување од два проценти од минатата година, и од тој број 88 проценти се жени – се истакнува во извештајот на Министерството за здравство, објавено во пресрет на Денот на почитта на старите лица што се празнува в понеделник и е национален празник.
Во 1963 година во Јапонија, кога започна да се води таква статистика, имало 153 стогодишници, и до денес тој број рапидно расте.
Уште во 1998 година, во Јапонија имало над 10.000 стогодишници и над 50.000 во 2012 година. Кане Танака (116) жителка на Фукока во југозападниот дел од Јапонија е најстар жител во светот според Гинисовата книга на рекорди.