Над 500 навивачи го опколија хотелот во Израел во кој се наоѓа аргентинската репрезентација

Израелските медиуми доаѓањето на Лионел Меси во земјата го најавија како пристигнување на фудбалскиот бог во земјата на Ветениот.

277
ФОТО: EPA / ABIR SULTAN

Во пресрет на вечерашниот фудбалски пријателски натпревар меѓу Аргентина и Уругвај, повеќе од 500 навивачи буквално го опколија хотелот во Тел Авив кој се сместени „гаучосите“.

Израелските медиуми доаѓањето на Лионел Меси во земјата го најавија како пристигнување на фудбалскиот бог во земјата на Ветениот.

Полицијата и редарите успеаја да го задржат притисокот на толпата која се обидуваше да влезе во хотелот за одблиску да ги виде фудбалските ѕвезди. Двете екипи ги чуваат стотици полицајци и безбедносни лица. На самиот натпревар за редот ќе се грижат 200 полицајци, вклучувајќи две единици на специјалните сили и над 450 редари.

Во страв од навивачите да истрчаат на теренот, организаторите имаат намера да постават жив безбедносен штит околу целиот периметар на теренот.

Натпреварот се игра во Тел Авив вечер со почеток во 20.15 часот.

ФОТО: EPA / ABIR SULTAN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...