Над 40 швајцарски војници хоспитализирани со стомачни болки, четворица во критична состојба

244

Над 40 војници и регрути од академија во Швајцарија беа примени вчера во болници по влошување на здравствената состојба. Четворица од нив се во критична состојба.

Федералниот оддел за одбрана соопшти дека 43 лица од воената академија во кантонот Берн вчера попладне добиле силни абдоменални болки, дијареја и повраќање.

– Сите 43 лица се префрлени со амбулантни возила и хеликоптери во болници – се нагласува во соопштението.

Засега нема извештаи за причината на епидемијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...