Над 300 новинарски екипи ја следат посетата на папата Франциск

408
20151214 Monday sobranie anketna komisija svedoci soslusuvane nikola gruevski mediumi nadvor izbrkani brkani

Околу 250 домашни и повеќе од 100 странски медиуми денеска ја следат и ја пренесуваат историската посета на поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск на Република Северна Македонија.

Меѓу странските акредитирани медиуми се Грчката национална телевизија, Бугарската национална телевизија, Ал Џезира Балкан, Војс оф Америка, Би-Би-Си, Зи дојче цајтунг и многу други медиуми.

Инаку, денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје се очекуваат повеќе од 15 илјади граѓани од земјава, но и високи и гости, верници и странски државјани, пред се од поширокото соседство.

Според надлежните, и во Прес-центарот во Домот на АРМ се е подготвено да им се излезе максимално во пресрет на сите акредитирани новинари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...