Над 30 луѓе се уште се во притвор по прославата за титулата на Франција

Речиси 48 часа по забавата во земјата, што прерасна во немири, во притвор има уште 31 лице. Меѓу нив се и осум малолетни лица.

66

Интензивните прослави во Франција по освојувањето на втората светска титула прераснаа во немири и на крајот излезе дека има двајца загинати и неколку повредени.

Во радост, некои почнаа да го демолираат општинскиот и државниот имот, што доведе до масовни апсења.

Речиси 48 часа по забавата во земјата, што прерасна во немири, во притвор има уште 31 лице. Меѓу нив се и осум малолетни лица.

Сепак, бројката падна драматично по првичните апсења. Во понеделникот, кога екстазата на навивачите беше на врвно ниво, 292 лица завршија зад решетки, и тоа само во главниот град Париз.

Најголеми прекршоци на среќните Французи биле уништувањето на прозорците на продавниците на „Шанзелизе“. Од ова, сепак, корист имале и крадци, кои извршиле грабеж во дел од нив.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...