Над 30 загинати и 228 исчезнати лица во пожарите во Калифорнија

102
ФОТО: EPA / EUGENE GARCIA

Пронајдени се телата на уште шест лица кои загинаа во пожарите во Калифорнија, со што смртниот биланс од огнената стихија која од четвртокот беснее во таа американска држава се искачи на 31.

Окружниот шериф Кори Хони изјави синоќа дека од четвртокот се трага по уште 228 лица. Тој на прес-конференција соопшти дека шест тела биле пронајдени вчера во градот Парадајз, 137 километри северно од Сакраменто, додавајќи дека 10 тимови за пребарување и укажување помош од цела држава помагаат во потрагата по други жртви. Градот Парадајз е речиси целосно уништен, со оглед на тоа дека е центар на
огнената стихија. елемент. До моменто околу 7.000 згради целосно изгореја во Северна Калифорнија, јави државната шумска служба.

Властите користат мобилна ДНК-лабораторија и помош од антрополози за да ги идентификуваат жртви. Во некои случаи, истражувачите успеале да пронајдат само делови од коските на мртвите. Во делови на градот Парадајз е многу тешко да се утврди дали има останки на луѓе, бидејќи сè е изгорено.

Луѓето кои бегаат од катастрофата засолниште бараат кај пријатели или роднини, како и во центрите за евакуација, поради што голем број јавни објекти се претворени во прифатни центри.

Гувернерот Џери Браун побара помош од Белата куќа. Претседателот Доналд Трамп одобри финансиски средства, обвини за „слабо” справување со ситуацијата, што гувернерот негира.

Пожарникарите, кои со булдожери и лопати се борат со огнот, очекуваат налети на ветер со брзина од 64 км/ч. Сè уште нема прогноза за дожд. Постојат стравувања дека во слендите неколку часа ветрот же предизвика ново ширење на пожарите, поради кои околу 300 илјади лица од Калифорнија се веќе евакуирани. Меѓу евакуираните се и познати личности, како актерот Џерар Батлер, пејачката Лејди Гага, Ким Кардашијан, Алиса Милано, Кетлин Џенер и други.

ФОТО: EPA / EUGENE GARCIA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...