Крадци од куќа во Гостивар вчеравечер одзеле над 20 илјади евра додека домаќините биле излезени од домот.
Според СВР Тетово, тешката кражба се случила вчеравечер на улица Балиндолска во Гостивар. Засега непознати сторители провалиле во куќата на С.Б. (51).
Во внатрешноста влегле откако го скршиле прозорецот во приземјето и од две места во кујната и спалната одзеле вкупно парични средства во износ од милион и 200 илјади денари.
По пријавувањето полицијата извршила увид и работи на расветлување на случајот и на откривање на сторителите.