Доброволен фонд формиран за собирање средства за поддршка на семејства на настраданите во терористичките напади врз две џамии во новозеландскиот град Крајстчрч собрал над 2,7 милиони новозеландски долари (1,84 милиони американски долари).
Таа сума е од повеќе од 35.000 донатори на сајтот givealittle. Страницата почна со работа вчера по нападот во кој загинаа 49 луѓе и 20 се ранети.
Околу 80.000 долари се собрани и на страницата Everyday Hero, јавија локаклни медиуми