Нормализиран е сообраќајот за товарни возила на граничниот премин Богородица. Сепак има зголемена фреквенција.
Застојот на сообраќајот, како што информираат од АМСМ, бил поради пад на системот за работа на царината.
Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, а надвор од градските средини интензитетот на сообраќајот е зголемен.