Насилници нападнале со нож тинејџер во Скопје

199
20150730 Thursday 1017 brza pomos itna pomos bolnica doktori doktor klinika

Во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје синоќа било донесено 16 годишно момче со расекотини од нож во пределот на грбот, откако претходно, според пријавата во полицијата, било нападнато од пет непознати лица на кејот на Вардар во близина на хотелот „Александар Палас“.

Според пријавата,  нападот се случил синоќа околу 19 часот,  при штопетте непознати лица заканувајќи му се на малолетникот со нож, му одзеле 400 денари, а потоа физички го нападнале по што со ножот му нанеле расекотина во пределот на грбот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...