Пејачката Нада Обриќ итно е сместена во болница, и е третпат оперирана, пренесува српски „Телеграф“.
Нада Обриќ била примена пред два дена во болница поради отстранување на тумор. Имено, пејачката по третпат добила рак.
Познатата фолк-пејачка два пати се изборила со карциномот, а бидејќи почувствувала симптоми слични на поранешните, итно била хоспитализирана и оперирана и сега ги чека резултатите од анализата.
– Точно е, ова третпат го проживувам, но не може мене ништо да ми се случи. Јас позитивно размислувам, како што вели нашиот народ: „Преживеал Мујо и многу полошо“, така што ќе заврши ова па ќе одиме на кафе да уживаме во животот – рекла пејачката.
Да потсетиме, пејачката во 1999 година открила дека има карцином на грлото на матката, а четири години подоцна и карцином на кожата, а после тоа имала и две операции.