Надал ја освои својата трета титула во Акапулко

47
ФОТО: EPA / WILL OLIVER

Рафаел Надал (Шпанија) по трет пат победи на тенискиот турнир во Акапулко, Мексико.

Светскиот рекет број 1 го победи Тејлор Фриц (САД) со 6:3, 6:2 за 75 минути и триумфираше повторно по 2005 и 2013 година, кога, сепак, натпреварите се играа на земја. 33-годишниот Шпанец на тој начин го освои 85-тиот трофеј во кариерата.

Тоа беше прв турнир на Надал по пауза од 3 седмици по Австралија опен. Тој доминираше на своите пет одиграни натпревари, откако незагуби сет и во просек губеше по 5 гема од своите противници.

– Не можев да бидам посреќен. Играв одлично од почеток до крајот на турнирот. Во Акапулко, ја освои првата голема титула во мојата кариера, да дојдам тука и повторно да победам по 15 години е нешто неверојатно. Благодарам на луѓето во Акапулко, кои прават да се чувствувам како дома секој пат – изјави Надал по финалето.

ФОТО: EPA / WILL OLIVER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...