Надал со 100 поени предност пред Федерер

76

На новата АТП листа нема никакви суштински промени во првите десет места, а Рафаел Надал по освојувањето на турнирот во Барселона го зачува првото место. Шпанскиот тенисер има 8.770 поени, додека второпласираниот Рожер Федерер има сто помалку.

Александар Зверев е на третата позиција со 5.195 поени, а по него следат Марин Чилиќ со 4.985, Григор Димитров со 4.950 и Хуан Мартин дел Потро со 4.470 поени.

Новак Ѓоковиќ, кој во Барселона беше елиминиран уште во првото коло, останува на 12 позиција со 2.220 поени.

Надал во неделата го победи грчкиот тенисер Стефанос Циципас во финалето во Барселона и го освои 11-от трофеј на овој турнир.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...