Надал се откажа од дуелот со Федерер

412
ФОТО: EPA / LARRY W. SMITH

Рафаел Надал поради повреда на коленото се откажа од полуфиналниот дуел против Роџер Федерер, па така Швајцарецот без борба обезбедува пласман во финалето на Индијан Велс, каде што ќе има шанса да ја освои својата 101 АТП титула.

– Денеска додека се загревав осетив болки во моето колено коешто не е доволно добро за да играм еден ваков натпревар во полуфиналето на Индијан Велс – изјави Надал.

Федерер во финалето ќе се сретне со подобриот од дуелот Доминик Тим и Милош Раониќ, битката за титулата е закажана за утре.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...