Надал: Сега коленото е во ред, јас сум задоволен

284
ФОТО: EPA / JOHN G. MABANGLO

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој закрепнува по повредата на коленото добиена на мечот со Карен Хачанов на турнирот во Индијан Велс, зборуваше за неговата состојба.

Според него, тој веќе се врати во нормала.

– Во последниот период имам проблеми со повреди и беше тежок за мене. Не можам со сигурност да ја оценам мојата состојба, но вака првично ќе речам дека ги надминав проблемите. Зад мене е период кога морав да прекинувам тренинзи и натпревари. Тешко е да се справиме со ова, бидејќи има влијание и психолошкиот момент. Се чини дека постојано се навраќате. Но, сега коленото е во ред, јас сум задоволен. Сега треба да работам на играта – изјави Надал.

Вториот светски рекет очекува веќе на турнирот во Монте Карло да го фати вистинскиот ритам.

Прв противник на Надал, на Мастерсот во Кнежеството, во утрешниот меч ќе му биде сонародникот Роберто Баутиста-Агут.

ФОТО: EPA / JOHN G. MABANGLO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...