Надал пред мечот со Ѓоковиќ: Сè може да се случи!

Шпанецот е категоричен дека потценување не може да има против ривал, против кој тој се спротивставил 51 пат.

360

Рафаел Надал верува дека „сè може да се случи“ на претстојниот полуфинален натпревар со Новак Ѓоковиќ на „Вимблдон“ денеска.

Надал, исто така, смета дека не може да си дозволи да покаже нешто помалку од максимумот против Србинот.

Шпанецот е категоричен дека потценување не може да има против ривал, против кој тој се спротивставил 51 пат.

– Секогаш е голем предизвик да игра против Новак. Тој е еден од најкомплексните играчи против кои некогаш сум играл. Секогаш е одличен тест за мене. Знаеш дека не можеш да го победиш, ако не си играл добро. Затоа мојата цел е да играм добро, додаде Надал.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...