Надал по елиминацијата во Барселона: Има порази кои можат да ми помогнат и ова е еден од нив

97
ФОТО: EPA / JOHN G. MABANGLO

Рафаел Надал (Шпанија) отпадна во полуфиналето на турнирот во шпанскиот град Барселона со награден фонд 2.61 милиони евра.

Надал загуби од Доминик Тим (Австрија) со 4:6, 4:6, а по натпреварот Шпанецот рече дека овој пораз може да му помогне во иднина.

– Има порази кои можат да ми помогнат и оваа е еден од нив. Со оглед на тоа како играв, долго време не сум се чувствувал толку добро на земја. Од моите последни осум натпревари овој е прв кој јас го губам, но играм на нивото, на кое треба да бидам, за да може да играм мирно и со потребната енергија – изјави Надал по поразот.

ФОТО: EPA / JOHN G. MABANGLO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...