Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го победи Србинот Новак Ѓоковиќ во финалниот меч на АТП турнирот во Рим со 2-1, по сетови 6:0, 4:6 и 6:1.
Мечот по кој Надал стигна до неговата 81-ва титула во кариерата траеше нешто помалку од два и пол часа. Воедно Шпанецот го запиша 34. Триумф на турнирите од серијата 1.000.
Надал во Рим има освоено вкупно девет трофеи.
Наградниот фонд на турнирот во италијанскиот главен град изнесуваше 5,2 милиони евра.
ФОТО: EPA/MARK LYONS