Надал не може повеќе да игра 20 недели годишно

295
ФОТО: EPA / WILL OLIVER

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал смета дека тој, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер не можат да учествуваат на турнири 20 недели годишно.

– Тоа е нормална човечка еволуција. Јас сум 33, 5, Роџер е 38 и Новак е 32,5. Сосема е природно, доаѓа нова генерација. Многу моќна група на играчи наскоро ќе почне да доминира. Не знам колку брзо ќе не надминат, но има многу силни момци. Не можеме повеќе да играме 20 недели годишно, останатите можат. Треба да размислиме многу за календарот и внимателно да избираме турнири. За младите сè е различно, тие можат да прават што сакаат“, рече Надал, цитиран од „Тенис ворлд УСА“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...