Надал: Медведев е најсилниот противник за финалето

178
ФОТО: EPA / JOHN G. MABANGLO

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал кој избори финале на УС опен рече дека во мечот за трофејот го добил најсилниот можен противник.

Во финалето, Надал ќе игра со Данил Медведев од Русија.

– Медведев зад себе има прекрасно лето. Победи во Синсинати, играше во финалето во Монтреал и Вашингтон, а сега и тука. Ова лето го игра најдобриот тенис во неговата кариера, па затоа тој е најсилниот противник што можев да го добијам за финалето. Како и да е, во натпреварот за трофеј на Грен слем турнирите не можете да очекувате лесен противник – изјави Шпанецот.

Мечот Надал – Медведев ќе се игра утревечер со почеток во 22 часот.

ФОТО: EPA / JOHN G. MABANGLO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...