Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во своето 11-то финале на „Ролан Гарос“.
Надал во полуфиналето по два часа и 17 минути игра го совлада во три сетови аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро.
Шпанскиот тенисер полесно од очекувањата извојува убедлива победа од 3:0, односно по сетови 6:4, 6:1, 6:2.
Надал во финалето ќе соочи со австрискиот тенисер Доминик Тим, кој претходно го победи Италијанецот Марко Чекинато.
ФОТО: EPA/MARK LYONS