Надал: Заслужив да изгубам!

303
ФОТО: EPA / JOHN G. MABANGLO

11-кратниот шампион во Монте Карло, Рафаел Надал призна дека се претставил далеку од своето најдобро ниво при поразот од Фабио Фоњини со 4:6, 2:6 во полуфиналето во Кнежевството.

– Чувството не е пријатно. Беше тежок ден, а противникот беше многу тежок. Претрпев тешки моменти со повреди во последните недели и психички не е воопшто лесно да прифатам се што ми се случи во тоа време. Денес (вчера), пак, беше од оние денови во кои ништо не ми тргнува од рака. Ова е веројатно еден од моите најслаби натпревари во последните 14 години Кога тоа ќе се случи, неизбежно и да го загубиш мечот. Заслужив да изгубам бидејќи играчот против мене беше подобар – изјави Надал.

ФОТО: EPA / JOHN G. MABANGLO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...