Надал го предаде мечот на турнирот во Париз

Се работи за истегнување на стомачен мускул. Не сакам да ризикувам, бидејќи можe да ми се влоши состојбата. Затоа одлучив да го предадам мечот, рече вториот тенисер на светската ранг листа.

358

Канаѓанецот Денис Шаповалов без борба стигна до финалето на тенискиот турнир во Париз, откако неговиот ривал, Шпанецот Рафаел Надал, мечот од полуфиналето го предаде.

Вториот на светската ранг листа, попладнево се предаде без борба поради болка во стомакот.

– Се работи за истегнување на стомачен мускул. Не сакам да ризикувам, бидејќи можe да ми се влоши состојбата. Затоа одлучив да го предадам мечот – соопшти Надал.

Во финалето, Шаповалов утре ќе игра со првиот светски рекет, Србинот, Новак Ѓоковиќ.

АТП Мастерс турнир „Ролекс“ во Париз се игра за награден фонд од 5,2 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...