Денот на независност денеска ќе биде одбележен со повеќе настани. Традиционално во Собранието ќе бидат врачени наградите „8 Септември“, а во Градскиот парк ќе се одржи прослава во организација на Владата.
Годинава осмосептемвриските награди ќе им бидат врачени на Томе Коцев, доајен во борење, Слободан Николиќ, еден од најтрофените спортски доктори, Атанас Николовски, еден од најдобрите македонски кајакари, Кочо Димитровски, македонска фудбалска легенда и Драган Стојановски, претседател на Карате федерацијата кој ќе ја добие наградата за животно дело.
Под мотото „Боите на независноста“ на прославата кај Школка во Градскиот парк ќе се обрати премиерот Зоран Заев, а најавена е и богата културно-уметничка и забавна програма. Ќе настапат Петко и „Пет плус“, групата „Ај кју“, Виолета Томовска, Елита Зибери и диџејот Драган Б. Костиќ.
Одбележувањето на Денот на независноста ќе почне со положување цвеќе на партизанските гробишта во Бутел и на вечните почивалишта на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски и на поранешниот претседател Киро Глигоров.
Синоќа, по повод Денот на независноста, во касарната „Илинден“ беа истрелани 10 плотуни од страна на единицата на артилерискиот баталјон на Армијата