Канадскиот актер Доналд Сатерленд на филмскиот фестивал во Сан Себастијан, Шпанија ќе добие награда за животно дело.
Во денешната објава се посочува дека 84-годишниот Сатерленд „талентирано прикажал десетици ликови во серија жанрови од драма, преку воен филм и трилер, до хорор и научна фантастика“.
Наградата ќе му биде врачена на 26 септември.
Тој во 2017 година доби почесен „Оскар“. Доналд Сатерленд глумеше во повеќе од 150 филмови.