Јапонски и сенегалски навивачи ја воодушевија јавноста со својот несекојдневен гест по натпреварот на нивните репрезентации на Светското фудбалско првенство. Имено, тие го собраа цело ѓубре на стадионот.
Прво Јапонците, по победата над Колумбија со 2:1 на стадионот Мордовија во Саранск, извадија однапред подготвени вреќи за отпадоци од трибиините, па зад нив не остана ништо. Потоа истото го сторија и Сенегалците по триумфот над Полска (исто со 2:1) на московската Откритие арена.
Јапонија и Сенегал се среќаваат во следното коло од групата „Х“, на стадионот во Екатеринбург.
ФОТО: Твитер
Japanese fans help clean up the stadium after their #WorldCup match against Colombia.
Touch of class. 🇯🇵 pic.twitter.com/iteIq8juXY
— 🇵🇹 vs 🇲🇦 Football Tweet (@Football__Tweet) June 20, 2018
Senegal fans doing exactly the same thing after their victory against Poland. 💪
Brilliant. 🇸🇳 pic.twitter.com/uxdUuOB4CR
— 🇵🇹 vs 🇲🇦 Football Tweet (@Football__Tweet) June 20, 2018