Навивачите од Полска биле сместени во 4 полициски станици, денеска МВР ќе ги води на суд

595

Скопската полиција вчера пред почетокот на квалификацискиот натпревар за Европското првенство во фудбал, помеѓу Македонија и Полска, привела вкупно 223 полски навивачи.

Приведувањето се случи откако се степале две групи на навивачи од Полска.

Полицијата веднаш интервенирала, а приведените ги сместиле во четири полициски станици: Гази Баба, Кисела Вода, Карпош и Ѓорче Петров.

Против нив се поднесени прекршочни пријави, а денеска тие ќе се изведат пред скопскиот суд за прекршоци кој треба да одлучи за пријавите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...