Одлуката на премиерот на Русија Дмитри Медведев да ја распушти владата го шокираше светот, а многумина се прашуваат која е заднината на оваа објава која следеше само неколку часа откако претседателот Владимир Путин предложи уставни измени со кои поголеми овластувања ќе добие владата и парламентот.
Се огласи и ривалот на Путин, Алексеј Навални.
– Главната порака од обраќањето на Путин: Сите кои мислеа дека тој ќе замине од власта во 2024 година се идиоти. Да остане лидер цел живот, да го преземе владеењето над цела држава и да го присвои богатството за себе и пријателите е единствената цел на Путин и неговиот реќим – напиша Навални.