Навалете на салати, се преполови цената на доматите и краставиците

1259
20150619 Friday 1114 pazar penzioneri vtornik petok sabota nedela domati

По неколку недели високи откупни цени, од денеска струмичките домати и краставици се откупуваат по преполовени цени во споредба со изминатите денови.

И градинарите и откупувачите го потрдуваат трендот на опаѓање на откупните цени. Според земјоделците, овие цени се далеку од тие што не им се исплатливи на производителите.

– Цените паднаа, но не многу и на некој начин се нормални за овој период. Доматите, кои изминатите денови се откупуваа и до 50 денари за килограм, од денеска се преземаат од трговците од 20 до 25 денари за килограм. Краставиците се откупуваат по цена од 20 до 25 денари, а пиперките по 40 денари за килограм – изјави Коце Божиков, земјоделец од село Дабиле.

Според него, причина за тоа е намалената побарувачка од пазарите, каде досега се извезуваше, како што е во Бугарија, Украина, Романија и сите поранешни југословенски републики, како и во Чешка, Словачка и Полска.

И трговците потврдуваат дека има тренд на опаѓање на откупните цени на раноградинарските производи, посебно на доматите.

– Причината за намалувањето на откупните цени на нашите раноградинарски производи е што во земјите каде извезуваме се појави нивно производство. Таков е случајот со пазарите во Чешка, Словачка и Полска – вели Ацо Стоилков, од компанијата „Мак смоларски ној“.

Според него, на намалените откупни цени влијае и континуираниот увоз на домати од Албанија. Тамошните домати имаат пониска производствена цена поради поблагата клима и албанското производство стасува неколку недели пред македонското.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...