Првообвинитетиот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, се појави со очила за сонце во судницата во Кривичниот суд – Скопје, каде што денеска требаше да се одржи ново рочиште за овој случај.
Јовановски беше спроведен во судот од притворот во „Шутка“, каде што е од летото минатата година. Во судницата, тој беше придружуван од неговиот адвокат Сашо Дуковски. Меѓутоа, поради здравствени проблеми, не дојдоа адвокатите на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, така што судењето се одложи за четврток.