М-НАВ: Вчера имаше рекорден број летови над македонското небо

243

На почетокот од летната сезона М-НАВ  вторпат го урна рекордот на бројот на летови над македонското небо. Првиот пат на 29 јуни оваа година кога беа забележани вкупно 1.042 летови, и повторно вчера на 6 јули кога се забележани вкупно 1.091 лет, соопштија денеска од М-НАВ.

„Како и минатата година, и оваа, последната сабота од јуни се надмина рекордниот број на летови од предходната година. Досегашниот рекорд остварен минатата година на 11 август 2018 изнесуваше вкупно 1.028 лета со што рекордот прво беше надминат за 14 летови, a вчера на 6 јули за 63 лета“, се наведува во денешното соопштение од компанијата.

Притоа, посочуваат од М-НАВ, при остварувањето на овие рекорди не е продуцирана ниту минута задоцнување за корисниците на нашиот воздушен простор.

„Трендот на континуиран раст на сообраќајот продолжи и во првата половина на 2019 година кога е забележан раст од 18.5 отсто на вкупниот сообраќај. Во првите шест месеци од 2019 година М-НАВ има реализирано вкупно 97.883 oперации наспроти 82 619 операции во 2018 година“, се додава во соопштението.

Споредено со 2017 година, според М-НАВ, растот изнесува 34 отсо, а во однос на 2016 дури 59.3 отсто. Месец со најголем раст на вкупниот сообраќај е февруари со вкупен раст од 25,7 отсто на месечно ниво споредено се претходната година.

„Одржувањето на професионалното ниво и залагање на вработените во М-НАВ го овозможи целиот овој пораст и придонесува кон фактот дека овој пораст е остварен со истиот број оперативни контролори на летање во последните 10 години, но за континуирано одржување на перформансите со нетрпение ги очекуваме новите колеги кои се во процес на обука“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...