Му се слоши на Мунир Пепиќ, одложено судењето за 27 април

616
На обвинетиот во случајот за 27 април, Мунир Пепиќ, му се слоши за време на судското рочиште, по што судијката Добрила Кацарска даде пауза од половина час.
Во Кривичниот суд со амбулантно возило дојде и медицинска екипа да го прегледа. По ова судијката го одложи денешното рочиште на кое требаше да се сослушаат четворица сведоци.
Пепиќ ќе треба да биде прегледан на интернист. Искази дадоа само двајца, еден вработен во Собранието и пратеникот Ферид Мухиќ. Следен кој требаше да даде исказ е тогашниот пратеник, а актуелен градоначалник на Шуто Оризари, Курто Дудуш.
Судењето ќе продолжи на 21 септември во петок. Двајцата сведоци од денеска ќе бидат сослушани во петок, а покрај нив тогаш ќе сведочат уште четворица нови сведоци меѓу кои и заменик министерот во МВР Агим Нухиу и Сашо Тасевски кој беше обезбедување на министерот Оливер Спасовски, а сега е директор на БЈБ.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...