Му се слошило и починал во канцеларија

6366

Кумановец починал на работното место во Скопје. Вчера во 16 часот во полиција било пријавено дека во фирма на улица Перо Наков во Скопје на А.С.(53) од Куманово, вработен во фирмата, му се слошило и паднал во бессознание.

Од Итна медицинска помош констатирале смрт без траги на насилство.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје. Телото на починатиот е предадено за обдукција по наредба на јавен обвинител информира МВР.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...