Скопјанец му позајмил 10 илјади денари на непознат човек, а потоа сватил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека В.М.(78) пријавил дека вчера непознат човек дошол во неговиот дом и се претставил како брат на кумот на неговиот син. Потоа од него побарал да му позајми 10 илајди денари со образложение дека требало да плати стока која чекала на царина.
Двајцата потоа отишле до банка да ја извадат потребната сума. Откако му ги дал парите В.М. го побарал синот да го праша за кумот и сватил дека бил измамен.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.