Загина жител на селото Локвени на кој му се преврел тракторот и го потиснал. Како што информира полицијата, несреќата се случила вчера околу 18,30 часот во близина на манастирот „Свети Атанасие“, во атарот на село Локвени.
Додека Н.З. (31) од село Локвени управувал трактор со кој се движел по ридот во близина на патот од село Локвени кон манастирот во еден момент од засега непознати причини тракторот се превртел, при што Н.З. бил потиснат под возилото.
Во близина на местото се нашле две лица коишто го извадиле повредениот и се упатиле кон Градската болница во Прилеп, но во близина на село Врбјани, повредениот им подлегнал на повредите.