Дваесет и осумгодишен работник е тешко повреден откако врз него паднал лифотот што го поправал, соопшти МВР.
Од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ вчера околу 14 часот било пријавено дека кај нив бил донесен Г.П. од Агино Село, Кумановско, вработен во приватна фирма.
Додека вршел поправки на лифт во комплекс згради на булеварот „Србија“, лифтот ненадејно тргнал и го повредил во пределот на вратот и грбот.
Кај Г.П. биле констатирани тешки телесни повреди.
За настанот бил известен трудов инспектор. Се работи на расчистување на случајот.