Турчин кој бил тешко повреден по молитва пред 15 години, конечно добил сатисфакција. Судот во Турција му доделил 400.000 долари отштета, јавува „Дејли Сабах“.
Озгун Шен во фебруари 2003 година излегувал од молитва во една џамија во Измир кога врз него се урнало минарето.Тој веднаш бил префрлен во локалнат болница, каде лекарите рекле дека мали му се шансите да преживее.
По неколку операции и отстранување на дел од черепот, тој се опоравил. Но, претрпел тешки повреди на мозокот и не може да зборува.
„Дејли Сабах“ наведува дека Шен може да изговори само еден збор – „Алах“.
По несреќата неговото семејство поднело неколку тужби. Првата била отфрлена, бидејќи било утврдено дека минарето само се урнало. Ден претходно, како што е наведено во пресудата, во Измир дувал силен ветер и тој бил причина за уривањето на минарето.
По ова семејството поднело барање за надомест на штета. По 15 години, судот во Измир донел пресуда.
Диколку пресудата ја потврди Врховниот суд, џамијскиот одбор на Шен ќе мора да му плати 5 милиони лири, главнина и камата. Според сегашниот курс, тоа е речиси 1,2 милиони долари отштета.