Во Гостивар вчера попладне, во станбена зграда во изградба, при кревање цигли со електрична дигалка од приземје до четвртиот кат паднала една цигла што го погодила во главата Д.П. од Република Албанија.
Повредениот бил пренесен во Медицинскиот центар Гостивар, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите со медицинско возило бил пренесен во Невролошката клиника при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.